Тренерите во НБА ќе можат да поднесат „челенџ“ на одлуките на судиите

Во најсилната кошаркарска лига во светот НБА, од следната сезона ќе биде воведен „челенџ“ по модел на НФЛ. Како и тренерите во американскиот фудбал и тренерите во НБА ќе имаат знаменце со кое ќе можат да го известат судијата дека сакаат повторно да се провери некоја донесена одлука.

Тренерите ќе имаат право на еден челенџ во текот на мечот, а тој ќе се однесува на досуден фаул, аут, допирање на топката во обраќот додека е во слегувачка патека. Што се однесува до останатите спорни ситуации, НБА наведува дека е потребно да постои јасен прекршок на правилата како би можеле судиите да ја променат првичната одлука.

Исто така студиото во Њу Џерси ќе може да им сугерира на судиите да ги прегледаат снимките како би можеле да утврдат дали некој шут на натпреварот е упатен пред истекот на нападот, како и да проверат дали кошаркарот кој погодил шут за три поени ја газел линијата.

Се вчитува...