Тренерот на Алиоски предизвика „бура реакции“: Срамота, како може Биелса да е кандидат за тренер на годината!?

Тренерот на Лидс Јунајтед, Марсело Биелса е еден од кандидатите за најдобар тренер на годината во изборот на ФИФА. Одлука, која предизвика силна реакција од неговиот колега, Андре Вилјаш-Боаш, тренерот на Марсеј.

ФИФА меѓу петте номинирани за наградата „Најдобар“ го именуваше и тренерот на македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, кој е во друштво на Ханси Флик, Јирген Клоп, Жулен Лопетеги и Зинедин Зидан.

Сето тоа го налути Вилјаш-Боаш кој смета дека на листата морало да има место и за неговиот колега од ПСЖ, Томас Тухел.

„Биелса е врвен тренер и тоа никој не му го оспорува. Но, да биде меѓу петте најдобри тренери во 2020 само затоа што го освоил Чемпионшип? Тоа е скандал. Срамота. Тухел освои четири трофеи и играше финале во Лига на шампиони и го нема на листата“ – жестоко реагира Вилјаш-Боаш.

Се вчитува...