Тренерот на Австрија: Мора да бидеме уште по убедливи, нѐ чека ист меч со Македонија како овој со Словачка!

Репрезентацијата на Австрија загуби со 0-1 од Англија, а вчера ремизираше без голови со Словачка. Селекторот Франко Фода посочува дека на тимот му треба поголема убедливост, креација, побрз напад и поцврста одбрана, додавајќи дека в недела селекцијата на Австрија ќе има ист тежок меч против Македонија.

Франко посочи дека неговиот тим ќе мора да биде поконкретен и подиректен во нападите против Македонија на отворањето на Европското првенство во недела од 18 часот во Букурешт, откако Австрија по две контролки не даде ни еден гол, па јавноста е уплашена од ново фијаско на еврошампионатот.

Австрија загуби со 0-1 од Англија, а вчера ремизираше без голови со Словачка, во двата меча на кои послендите половина час беа најквалитетни од нашиот прв противник, но севкупно, Фода посочува дека на тимот му треба поголема креација, побрз напад и поцврста одбрана, додавајќи дека в недела ќе имаат ист меч како вчерашниот против Македонија.

„Во првиот дел немавме динамика, немавме ни длабочина, ни брзина. Во вториот дел бевме нешто подобри, имавме неколку шанси, ама имавме и среќа во неколку можности на Словачка. Нас нѐ чека ист меч на ЕП против Македонија, ист ваков како со Словачка. Македонците добро се бранат во систем 5-3-2 и чекаат на било каква грешка, а ќе бидат мотивирани и ќе сакаат успех преку контранапади. Јасно е дека ни треба многу побрз напад во позициона игра, ќе мора да играме многу подиректно кон противничкиот гол, а и ни треба уште поцврста одбрана“, вели Фода.

Се вчитува...