Динамо Загреб викендов гостува на Хајдук во големото дерби на хрватскиот шампионат, меч во кој „модрите“ влегуваат со два бода помалку, но и меч помалку во однос на противникот.
Динамо ја крена формата со доаѓањето на новиот тренер Јакировиќ, кој најави дека од првата минута на „Пољуд“ ќе може да се види македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. За разлика од Адеми, од комбинација отпадна Стефан Ристовски, кој е повреден.
„Аријан Адеми е подготвен и се наоѓа во добра форма. Во Кина имаше одредена пауза, па се чекаше на комплетирањето на овој трансфер… но одлично за мене и за сите во Динамо е што тој е максимално подготвен. Мечот во Сплит ќе биде вистински спектакл, а ние ќе немаме на располагање само двајца фудбалери, Ристовски и Шпикиќ. Повредите не им се премногу сериозни, но не сакам да ризикувам бидејќи така би можеле да останеме без нив подолго време“, изјави Сергеј Јакировиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА