Тренерот на КУПС: Очекувам Вардар да игра поотворено на реваншот, а ние мора да бидеме подготвени на сè

КУПС со предност од 0-2 стекната во Скопје го пречекува тимот на Вардар на свој терен. Финскиот тим е еден чекор понапред во следната фаза од македонскиот првак, а утре очекува поинаква игра од својот противник.

Барем така вели тренерот Мика Нутинен, кој смета дека тимот мора да биде подготвен на се, и покрај солидната предност од првиот меч.

„Возбуден сум, но подготвени сме да ја завршиме работата на свој терен. Резултатот од првиот меч ќе ја смени играта. Особено на нашиот противник, од кого очекувам да нападне, да игра поотворено. Не може да биде ист натпревар како првиот, и затоа мораме да бидеме подготвени на се, и покрај ситуацијата“, рече Нутинен.

Се вчитува...