Тренерот на ПАОК: „Фудбалерите на Динамо славеа како да освоиле Лига шампиони, а има и реванш…“

Тренерот на ПАОК, Разван Луческу изјави синоќа дека поразот од 2-0 на неговиот тим од Динамо Загреб во првиот натпревар од осминафиналето во Конференциската лига е главно поради грешките на неговите играчи за време на мечот.

Луческу вели дека ја контролирале играта, но индивидуалните грешки кои не може да се предвидат едноставно пресудиле. За него е чуден и начинот на кој славеше домашните фудбалери, кои со тоа очигледно само покажале дека победата е и повисока од што заслужиле.

„Динамо играше едноставно и паметно, а ние сами се победивме. Имавме посед на топка, но многу грешевме и тие тоа го искористија. Губевме многу лесни топки. Воопшто натпреварот не беше за да заврши 2-0“ – истакна тренерот на ПАОК и дополни:

„Не би рекол дека не бевме храбри, затоа што го контролиравме натпреварот. Но кога ќе направиш толку грешки ја губиш и самодовербата. Фудбалерите на Динамо малку пренагласено славеа по оваа победа. А, не знам… Можеби се премногу самоуверени поради тие наши грешки. Има реванш“.

Се вчитува...