Тренерот на Партизан за навредите: Немој да ми ги чепкаш семејството, таткото и бурекот…

Белградски Партизан ги живее најтешките денови, се чини, во последната декада.

Серијата проблеми во клубот, очајната организациска состојба во која се наоѓа, дополнително засилени и по срамната елиминација на европската сцена, на најболен можен начин со вкупен пораз од 0-6 од дански Нордсјиланд. Сето тоа допринесе и за силни навреди синоќа кон фудбалерите и кон тренерот Игор Дуљај од страна на најверните партизанови навивачи.

„Ако погледнеме се, знаеме дека сме елиминирани од еден навистина квалитетен тим. Имаат систем, стабилни се и со одлични услови за работа, млада екипа која знае што сака. А, ние како живееме? Сите овие случувања во клубот секако влијаат и на мене, не можејќи да слушам како некој од трибините постојано ги навредува фудбалерите и тоа на крајно грд начин. Немој да ми чепкаш семејство, татко, бурек… Тоа е многу грдо, и нема оправдување. Ако сакаш да дојдеш и да гледаш фудбал, дојди и поддржи ги навивачи, така се сака клуб“ – истакна тренерот на Партизан, Игор Дуљај по синоќешниот пораз од 0-1 во Белград.

Се вчитува...