Тренерот на Партизан по дербито со Ц. Звезда кон новинар: „Е, поради вас ни е тешко, 70% од вас сте црвено-бели во душа“

Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ се најде во непријатна полемика со новина на прес-конференцијата по вчерашното дерби со Црвена Звезда кое заврши без победник.

„Дадовме се од себе, покажавме дека сме на исто ниво. Само во еден дерби натпревар, откако сум јас тука, биле подобри од нас, а на сите останати секогаш сме биле рамноправни“ – истакна Станојевиќ на почетокот, па следеше судирот со новинарот.

Новинарското прашање беше дали смета дека Партизан ја заслужува титулата повеќе од Црвена Звезда, со оглед на тоа дека не добија ниту еден дерби натпревар. Па, следеше контра-прашање на Станојевиќ прашувајќи го дали смета дека Партизан заслужи да биде прв во плеј-офот што би значело 167. дерби да се игра на стадионот на Партизан, и појасни.

„Затоа што вас 70% сте кои сте црвено-бели. Затоа ни е нас тешко да се бориме со вас. Вие релативизирате кога ќе ги спомнеме ние Напредак и Чукарички. Сите сте вие заедно. Дали Црвена Звезда беше подобра од нас денеска? Единствено беа подобри кога дербито беше три дена по нашиот натпревар со Спарта во Европа. Дали нешто повеќе направија од нас во Европа? Дали ние до 28. коло бевме први? Да, тие се одличен тим, но не покажаа во ништо дека се подобри на терен од нас. Ние заслужуваме многу повеќе од тоа што ни е дозволено“ – заклучи Станојевиќ.

Се вчитува...