Тренерот на Рига: Вардар е тешка препрека, не чeка голем убав стадион, но за нас е важен теренот

Вардар, вечерва од 20 часот на Националната арена „Тодор Проески“ го очекува првиот натпревар од двомечот против летонска Рига во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Тренерот на Рига, Адриан Гула пред дуелот со македонскиот шампион.

„Знаеме дека Вардар заедно со Шкендија е најголемиот клуб во Македонија. Па, свесни сме за она што не очекува. Секако дека го анализиравме противникот, знаеме како сега игра со новиот тренер, за нивниот стил и со каква тактика се користи. Секако не чека многу тежок противник, но ќе дадеме се од себе затоа што не се игра секој ден во Европа“  – рече Гула на вчерашната прес-конференција и дополни:

„Секој ваков натпревар мора да се одигра на највисоко ниво. Наш сон е да играме во групната фаза. Сега не чека тешка препрека, гледаме тука еден прекрасен стадион, типичен за вакви држави, со атлетска патека, но не ни е важен стадионот, важен ни е теренот, и како ќе одиграме на него“.

Се вчитува...