Валдас Дамбраускас испиша историја со Сабах, а по големиот успех на азербејџанскиот клуб литванскиот стратег откри и еден прилично необичен детал од својот приватен живот.
Сабах го елиминираше Хапоел Бер Шева со спектакуларни 5-2 по продолженијата и за првпат во историјата обезбеди пласман во лигашката фаза од Лигата на шампионите. По натпреварот, Дамбраускас не ги криеше емоциите.
„Ова е прекрасна ноќ и атмосферата е одлична. Им благодарам на навивачите. Играчите беа фантастични! Сабах е најдобриот тим што сум го водел во кариерата. Обезбедивме пласман во главниот дел од најдоброто натпреварување во светот! Денеска сум најсреќниот тренер на светот“, изјави тој.
Но, потоа следуваше изјавата која привлече посебно внимание.
„Никогаш не сум пиел алкохол. Но, ве уверувам дека денеска ќе пијам. Никогаш нема да ја заборавиме оваа чудесна ноќ – ниту јас и мојот тим, ниту, сигурен сум, нашите навивачи. Особено луѓето кои беа со нас на стадионот“, порача Дамбраускас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
