Тренерот на Силкеборг пред мечот со Алкалоид: Македонскиот тим игра брз ракомет, ќе биде тешко во Скопје

Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид во вторник на домашен терен ќе го пречекаат данскиот Бјерингбо Силкеборг во натпревар од 3. рунда во новата сезона од второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.

Тренерот на Данците, Патрик Вестерхолм пред мечот со Алкалоид вели дека тие се добра екипа која игра многу брз и модерен ракомет.

„Ја гледавме средбата на Алкалоид со Војводина, а се уште не сме ја гледале и анализирале таа што ја играа во Шпанија со Ла Риоха. Но, тоа ни е сега на дневен ред. Алкалоид е многу брз и има активна одбрана и ќе треба да смислиме како тоа да го затвориме. Искрено, малку ме загрижува нашата одбрана по мечот со Алборг. Но, ние мораме да ги победиме сите натпревари во групата во Европската лига и со такви мисли ќе патуваме во Македонија“, изјави Вестерхолм. 

Се вчитува...