Тренерот на Тим бил во ресторан блиску до местото на нападите во Виена

Во центарот на вниманието на светската јавност е терористичкиот напад кој синоќа се случи во Виена. Светот е згрозен од грозоморниот чин во кој починаа четири лица.

Поранешниот тенисер и во моментов тренер на Доминик Тим, Николас Масу во моментот на нападот бил на вечера во еден од рестораните во главниот град на Австрија.

„Поздрав луѓе. Во центарот сум на Виена блиску до нападите. Затворени сме во ресторан и чекаме кога ќе можеме да отидем. Ви благодарам на пораките на поддршка“, напиша синоќа Масу. 

 

Се вчитува...