Тренерот на Тулуз: Им реков на моите ракометари уживајте, ваква атмосфера нема во Франција

Двократниот европски шампион Вардар со победа на домашен терен над Тулуз од 37-35 на најдобар можен начин ја заврши европската авантура за оваа 2025 година.

По мечот тренерот на гостите Даниел Анѓелковиќ изјави дека ваква атмосфера во Франција не може да почувствуваат неговите ракометари.

„Морам да ја поздравам атмосферата во салата иако не беше полна, навистина беше неверојатно. Сакав сите мои играчи да влезат во игра за да ја почувствуваат во Франција, бидејќи таму нема вакво нешто“, изјави Анѓелковиќ. 

Се вчитува...