Тренерот, полн погодок: Ројевиќ дојде, виде и победи

Охриѓани испишаа историја, овој клуб стигна до првиот трофеј од своето формирање, и тоа ни помалку ни повеќе – туку европски, кревајќи го пехарот во ЕХФ Европскиот куп. Татабања имаше улога на благ фаворит пред финалето, но Охрид кај себе го имаше најдобриот можен адут – тренерот Борис Ројевиќ.

Стратег што знае како се победуваат вакви финалиња, стручњак што веќе го имаше кренато истиот трофеј со Војводина, а вечерва успехот го повтори со тимот од „Билјанини извори“.

Пред доаѓањето на Ројевиќ охриѓани имаа квалитетни играчи, но се мачеа од нив да состават колектив. Србинот доби слобода во формирањето на тимот, му беа доведени и клучни играчи среде сезона (Пилиповиќ, Прибетиќ, Јасухира), и успеа во она што го имаше зацртано – играта да ја гради преку цврста одбрана, свесен дека трофеи се освојуваат токму со дефанзива…

Ројевиќ ги заслужува сите пофалби за оваа прва сезона во Охрид, но и со јасна „закана“ до ривалите, дека Охрид допрва ќе расте како тим… со врвен тренер на кормилото…

Се вчитува...