Тренерска смена во Чикаго булс

Фред Хоиберг ја плати цената за очајниот старт на сезоната на Чикаго булс, откако раководството на „биковите“ донесе одлука да го разреши од тренерската функција. Чикаго забележа само пет победи во првите 24 натпревари сезонава, а фактот дека дел од клучните кошаркари се мачеа со повреди не беше доволно добра причина за Хоиберг да добие шанса да ги исправи работите.

„Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука, но сметаме дека е најдоброто нешто за клубот во моментов. Во предвид ја земавме можноста за напредок на нашиот тим, па по долго размислување решивме да се разделиме од Хоиберг, кому сме му благодарни за посветеноста на работата во изминатиот период“ – изјави извршниот потпретседател на Чикаго, Џејмс Паксон.

Веќе е донесена и одлуката околу наследникот на Хоиберг, тоа ќе биде неговиот довчерашен асистент Џим Бојлен, кој ќе потпише договор до јуни 2020 година.

Се вчитува...