Треневски: Ова е период на трансформација за Работнички

Тренерот на Работнички, Виктор Треневски, вели дека неговиот тим минува низ период на трансформација, откако неколку фудбалери ова лето го напуштија тимот, а пристигнаа нови засилувања. Тимот треба да се воигра за да го добие вистинскиот изглед и да почне да функционира според неговите замисли.

„Ова е период во кој Работнички се трансформира. Не е ова непознато за клубот, речиси секоја година има вакви промени. Но, заминаа навистина клучни фудбалери од минатата сезона и сега треба коцките да се наместат, дел од фудбалерите да преземат нова одговорност и да почнеме да функционираме според моите замисли. Од друга страна, одигравме солиден меч против Ренова на почетокот од шампионатот, дуелите со овој ривал секогаш се тесни и традицијата продолжи. Сега не очекува ново искушение во Битола, против Пелистер кој исто така има нов стратег, што секогаш носи и нова енергија во тимот“, вели Виктор Треневски за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...