Тренинг без Пандев, а Ристовски, Адеми, Алиоски и Велковски под посебен третман (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Македонската репрезентација во тренинг-базата на Ајакс во Амстердам го одработи денешниот тренинг, но без капитенот Горан Пандев кој има втор ден слободен по повредата на зглобот на која се жалеше уште пред натпреварот со Украина во Букурешт.

Денешниот тренинг, издвоено од групата, под олеснителен режим го одработија и Стефан Ристовски, Езгина Алиоски, Аријан Адеми и Дарко Велковски, токму едни од најдобрите наши поединци на предтходните два натпревари кои одиграа во висок ритам и напорно темпо.

Утре националниот тим ќе го одработи официјалниот тренинг на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, пред натпреварот против Холандија кој не очекува во понеделник (21. јуни) од 18 часот.

 

 

Се вчитува...