Трета лига: Феникс Баскет го совлада Маџари ГБ и ја превзема лидерската позиција

Феникс Баскет е новиот лидер во Третата лига откако во дерби натпреварот на 15. коло славеше со 70-64 против Маџари ГБ. Избраниците на Ристовски до победа стигнаа до подобра игра во последната четвртина во која го анулираа водството на далеку поискусните гости, добивајќи ја со 16-5 за „два од два“ во меѓусебните натпревари.

Феникс Баскет го предводеше двоецот Петковски-Хот со 15, односно 14 поени, додека лидер на Маџари ГБ со 11 поени беше Диме Тасовски кој се врати од пензија за дерби натпреварот. 11 поени постигна и Палевски и Блажевски.

Во групата „Б“ на 11 победа во сезоната се радуваше Мега Баскет славејќи со 99-84 против ИБА. Со новата победа прилепчани ја продолжија перфекцијата, а истата им го носи и првото место на табелата.

Во останатите натпревари:
Спорт тим – Овче Поле 65-73
МКК Вардар – Пробаскет 98-69
Спарта – Тетекс ТТК 63-70
Дибра Иглс – Хераклеа 78-73

Се вчитува...