Изминатово коло во третолигашките натпреварувања го одбележа инцидентот кој се случи на мечот од петтото коло во Третата лига – Север меѓу Фортуна и Пчиња кој е прекинат во 75 минута при резултат 1-1.
Во таа минута домашните навивачи се обидоа да ги нападнат навивачите на Пчиња, дојде до прекин кој траеше 15 минути за да се расчисти мешаницата на трибините и да се смират домашните навивачи. Во тој прекин беше удрен гостинскиот голман од еден домашен играч и фудбалерите на Пчиња не сакаа да го продолжат натпреварот.
На табелата во Третата лига – Север во водство е Еуромилк кој славеше убедлива победа од 3-7 на гостувањето против Башкими Љуботен.
На натпреварувањето на Истокот води Победа со 12 бода пред Хоризонт Турново.
Трета лига – Север (5. коло)
Аеродром – Ржаничино 3-2
Студеничани – Беса /Сарај/ 2-2
Кадино – Куманово 1-3
Отља – Беса/Слупчане / 2-4
Башкими Љуботен – Еуромилк 3-7
Лопате – БВК Коњаре 2-4
Фортуна-Пчиња прекинато
- На табелата води Еуромилк со 15 бода.
Трета лига – Jуг (4. коло)
Превалец – Младост 5-0
Дреново – Бучим 1-1
Млекар – Борец 0-3
Венец – Тополка 4-0
Ултрас – Влазними 3-6
Башкими – Росоман 3-1
- На табелата води Борец со 9 пред Росоман со 8 бода.
Трета лига – Запад (4. коло)
Зајас – Камјани 0-3
Ренова – Доброште 5-2
Вардар – Дрита 3-1
Речица – Влазерими 0-2
Џепчиште – Љуботен 2-0
Напредок-Скендербег 4-1
- На табелата води Камјани со 12 пред Напредок со 10 бода.
Трета лига – Исток (5. коло)
Овче Поле – Ударник 1-2
Рудар – Победа 0-1
Дојранско Езеро – Брегалница 0-3
Хоризонт – Карбинци 3-3
Малеш – Тиверија 4-1
- На табелата води Победа со 12 бода пред Хоризинт со 10 бода.
Трета лига – Југозапад (4. коло)
Кравари – Света Тројца 1-0
Славеј – Напредок 3-2
Могила – Кораби 4-0
Влазними – Караорман 2-0
- Мечот Демир Хисар-Велешта не се одигра, гостите не допатуваа на натпреварот
- На табелата води Влазними со 9 пред Света Тројца со 7 бода.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

