„Третиот гол на Реал? Тоа е срамота, таков гол не би го примиле ниту 15-годишници“

Поранешниот играч на Ливерпул и екс англиски репрезентативец Џејми Карагер го коментираше натпреварот помеѓу Реал и ПСЖ одигран вчера, кој „кралевите“ го добија со 3-1, и се пласираа во 1/4 финалето.

После вториот гол на Реал, за 11 секунди „кралевите“ примија и трет погодок, и сето тоа го изнервира Карагер.

„Тоа е срамно. За 11 секунди. Ова немаше ни да се случи дури и ако У-15 тимот играше против Реал Мадрид. Играчите на ова ниво треба да се борат“, рече поранешен дефанзивец.

 

Се вчитува...