Третото засилување на Партизан доаѓа од Париз

Партизан повторно го очекува ремонт во играчкиот кадар, „црно-белите“ веќе ги договорија Кајл Олман и Никола Танасковиќ, а во следните денови ќе биде официјализиран и третиот трансфер за ова лето.

Станува збор за Дерек Вилис, американскиот крилен центар кој пристигнува од редовите на Париз. Поранешниот кошаркар на Ефес немаше позначајна улога во францускиот клуб, каде во просек бележеше скромни 5,8 поени и 3,9 скокови по натпревар.

„Црно-белите“ сепак веруваат дека тренерот Пењароја може да извлече многу повеќе од овој 206-сантиметри висок Американец, кој ќе потпише двогодишен договор.

Партизан веќе го напушти Ник Калатес кој замина во ПАОК, а заминувањето го потврди и Двејн Вашингтон. Медиумите го најавуваат Вилис како замена за Осетковски, кој сигурно ќе си замине, Германецот Бонга има на маса мултимилионска понуда, а неизвесен е и статусот на Стерлинг Браун и на Бруно Фернандо.

Се вчитува...