Тргна и Шкендија: Мерење на температура, па тренинг

Актуелниот македонски првак Шкендија од денеска ги стартуваше тренинзите како подготовка за продолжението од сезоната. Тетовски црвено-црни по пауза од повеќе од два месеци повторно се појавија на тренинг, а согласно протоколот најпрвин беа преземени неопходните заштитни мерки.

Пред почетокот на тренингот на сите фудбалери им беше мерена телесна температура, по што добија зелено светло да почнат со работа.

Според протоколот, се очекува тетовци во следните денови да тренираат во помали групи, пред да добијат зелено светло за заеднички тренинзи во пресрет на продолжението на сезоната, кое според првичните информации се очекува да се случи на 14 или на 21 јуни.

Се вчитува...