Три аса на Јувентус се враќаат за реваншот со Вилјареал

Јувентус ќе биде значително засилен за утрешниот реванш против Вилјареал, на кој „старата дама“ ќе се обиде да стигне до триумф и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Тренерот Масимилијано Алегри има причина за задоволство бидејќи тројца фудбалери на овој тим, Дибала, Кјелини и Бернардески, ги надминаа проблемите со повредите и ќе можат да настапат утревечер. За разлика од нив, трката со времето ја загубија Бонучи и Алекс Сандро.

„Ние сме Јувентус и секогаш одиме на победа, желба ни е да стигнеме до големото финале и да се бориме за трофејот. Одлично е што дел од повредените се вратија, тие се големо засилување за нас. Алекс Сандро и Бонучи нема да ни помогнат, ризикот беше преголем, а ова не ни е последен важен меч за сезонава. Влаховиќ ќе игра бидејќи тој ни е значаен адут, фудбалер кој ги прави сите околу себе подобри. Ќе игра и Мората, кој се наоѓа во одлична форма и беспрекорно се снајде по доаѓањето на Влаховиќ во тимот“, изјави Алегри на денешната прес-конференција.

Се вчитува...