Три гола на Кузмановски во победата над Хановер над Балинген, Вецлар го губи чекорот за место во плејоф

Македонските ракометни интернационалци во 30. коло од Бундеслигата имаа половичен успех. Филип Кузмановски и неговиот Хановер стигнаа до победа од 31-27 на домашен терен против Балинген, додека Филип Миркуловски и Вецлар беа поразени сп 26-30 на домашен терен од Ерланген.

Во победата на Хановер, Кузмановски постигна три гола од четири обиди, додека Миркуловски не се запиша во листата на стрелците за Вецлар.

И покрај новата победа Хановер остнаува на 14. место на табелата, додека Вецлар со четвртиот пораз во последните пет натпревари полека го губи чекор за место кое води во разигрувањето за титула.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...