Три гола за едно полувреме – Атлетико Мадрид го реши Лас Палмас

Атлетико Мадрид се зацврсти на втората позиција на табелата во Примера дивизион, славејќи на домашен терен над Лас Палмас со 3-0 и максимално користејќи го вчерашниот пораз на Валенсија, која сега заостанува дури шест бода зад избраниците на Диего Симеоне.

Стратегот на Атлетико за денешниот натпревар не можеше да смета на Диего Коста, но „јорганџиите“ сепак ја одработеа задачата и стигнаа до посакуваните три бода. Отпорот на гостите беше скршен дури во второто полувреме, кога Гризман реализираше по одличното додавање во длабочина од страна на Хуанфран. При резултат 1-0 Гризман го погоди дирекот, Караско беше за малку непрецизен, пред на 2-0 да зголеми Фернандо Торес со силен и прецизен удар од работ на шеснаесетникот.

Конечните 3-0 беа дело на Томас, по контранападот и несебичната асистенција на Караско.

Се вчитува...