Три гола за Ристовска во убедливата победа на ЦСКА

ЦСКА Москва за која настапува Сара Ристовска и по 13 натпревари во руската елита се уште не знае за пораз. Последен кој налета на расположените ракометарки од главниот град беше Звезда која претрпе убедлив пораз од 52-37.

ЦСКА беше подобриот противник во поголемиот дел од мечот, а по крајот на првото полувреме имаше предност од пет гола (26-21) за во вториот дел победата да биде потврдена со убедлива игра за 26-16.

Македонската интернационалка мечот го заврши со три гола од четири обиди.

Се вчитува...