Три големи имиња од екс-ју просторите кандидати за селектор на Црна Гора

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, утре ќе бира нов селектор, а според информациите кои доаѓаат од оваа земја, фигурираат три имиња. Станува збор за Младен Крстајиќ, потоа црногорската легенда Мирко Вучиниќ, а третото име кое се споменува е Роберт Просинечки. Хрватот во последните неколку дена се поврзуваше и со селекцијата на Гана.

РТВ Црна Гора пренесува дека најблиску до клупата е Роберт Просинечки. Наводно Просинечки се заблагодарил на понудата на Гана, и наскоро ќе седне на клупата на Црногорците. Тој веќе има искуство со водење на репрезентации, откако ги вовдеше Азербејџан и Босна и Херцеговина.

Крстајиќ кратко во својата кариера беше селектор на Србија, и селектор на Бугарија. Мирко Вучиниќ, пак, немал тренерско искуство, а работеше како помошник на досегашниот селектор Миодраг Радуловиќ.

Се вчитува...