„Три култури, три јазици, една заедничка страст“ – Мукаетов заедно со колегите од Словенија и Црна Гора го најавија ЕВРО 2022

Три култури, три јазици, една заедничка страст кон ракометот. Вака денеска беа претставени претседателите на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, претседателот на РЗ Словенија, Фрањо Бобинец и претседателот на РС Црна Гора – Петар Каписода на состанокот на претседатели на федерации во Луксембург.

Словенија, Македонија и Црна Гора заеднички ќе го организираат следното Европско првенство во женска сениорска конкуренција. Ваков голем настан, јасно се најде и во агендата на состанокот на претседатели на ракометните федерации членки на ЕХФ што денеска се одржува во Луксембург. Тројцата претседатели имаа обраќење на состанокот, каде што изразија уверување дека ЕП ќе биде организирано на високо ниво.

Европското првенство ќе стартува на 4. ноември, а ќе се игра во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. Во Македонија ќе се игра една група од прелиминарниот дел и една група од главната рунда.

Се вчитува...