Три малери во една минута за „пелистерци“: Промашен зицер, црвен картон, па повреда (видео)

Еурофарм Пелистер одигра одлично второ полувреме против Вардар во финалето од Купот на Македонија, битолчани опасно се приближија по оние „минус шест“ во првото полувреме, но немаа сили за целосен камбек.

Особено малерозен беше периодот од 50. до 52. минута, кога во рок од стотина секунди „пелистерци“ се соочија со три проблеми. Најпрвин Мартин Велковски се посрамоти промашувајќи празен гол додека Борко Ристовски не беше вратен на теренот. Веќе во следниот напад најпрвин Радовиќ доби црвен картон за стартот врз Критијан Дисингер, а веднаш по продолжението на акцијата незгодна повреда заработи и Матео Мараш.

Ако на ова се додаде дека Еурофарм Пелистер целото финале го одигра без својот најдобар ракометар, Стипе Мандалиниќ, јасно е дека многу фактори влијаеја врз битката за првиот овосезонски трофер во мак-ракометот.

Се вчитува...