Се поизвесно е дека Роберт Левандовски ќе ги замени боите на Баерн Минхен со оние на Барселона, а според последните информации од Германија разликата која може да го реализира трансферот е само три милиони евра. Имено, каталонците за услугите на Полјакот нудат 32 милиони евра, а баварците бараат 35 милиони евра.
Договорот на искусниот голгетер со Баерн Минхен завршува следната сезона, а Левандовски во потрага по нов предизвик нема намера да ја продолжи соработката па доколку германскиот клуб сака да заработи од заминувањето ќе мора да го пушти полскиот репрезенатативец да замине ова лето.
Левандовски е дел од Баерн Минхен од 2014 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од клубот. Сега 33-годишникот одигра 374 натпревари, а притоа постигна 344 гола и забелеѓа 72 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА