Три нови проблеми за Зидан пред Севилја

Реал Мадрид не успеа да го искористи „киксот“ на Барселона и да ја намали разликата од осум бода во однос на ривалот во трката за титулата. Згора на тоа, неколку клучни фудбалери заработија картони на дуелот во Билбао, па сега нема да му бидат на располагање на тренерот Зидан за наредниот меч во Примера дивизион, дерби пресметката против екипата на Севилја.

Серхио Рамос заработи црвен картон во финишот на „Сан Мамеш“ и дефинитивно отпаѓа од комбинација, исто како и десниот бек Карвахал и играчот за врска Кашемиро, кои нема да играат со Севилја поради жолти картони.

За Серхио Рамос ова беше 19. црвен картон во Примера дивизион, со што стана неславен рекордер во оваа категорија.

Се вчитува...