Три од три за Шкендија: Победници и меѓу помладите пионери во Купот на Македонија!

Тетовска Шкендија продолжува со доминацијата во младинските категории во Купот на Македонија… По победите во финалните натпревари во кадетска и во младинска конкуренција, денеска тетовци го освоија Купот и во конкуренција на помлади пионери.

Во финалето Шкендија славеше против Работнички по изведувањето на пеналите со 5-4, откако во регуларниот дел дуелот заврши без победник, 1-1.

Претходно, како што е познато, Шкендија во младинска конкуренција во финалето славеше против Работнички, а во кадетска конкуренција беше подобра од Пелистер.

Се вчитува...