Три победи на Европскиот куп во ринг дисциплините за КБК Шампион

Денеска на првиот дел од квалификациите од Европското првенство во Вараждин за кик-бокс клубот Шампион помина одлично. Три победи во рингот, додека на татами дисциплините во кик-лајт финалната борба службено ја изгуби нашиот натпреварувач Ибрахим Ахмеди од грчкиот натпреварувач Бачија Ледио.

Победи издвојуваа:
– Максим Митровски против Хрватот Момчило Шчекиќ
– Иван Кукуновски против Хрватот Бруно Стос
– Ахмет Халдун против Пржемислав Валков од Полска

Утре претстојат две полуфиналиња на Иван Кукуновски против Немања Радњиќ од Црна Гора и Мите Крстев од КБК Адреналин од Радовиш со Халдун Ахмет. Задутре пак Максим Митровски во финале ќе се побри против Никола Маринковиќ од Црна Гора. Исто така задутре почнуваат и квалификациите на кик-лајт татами дисциплината каде учество ќе земе Сергеј Ушлинковски.

 

Се вчитува...