Три победи за македонските кикбоксери на првиот ден од Светското јуниорско првенство (ФОТО)

Три забележани победи за македонските кикбоксер на денешниот прв ден од Светското јуниорско првенство кое се одржува во Лидо де Јесоло, Италија.

Притоа, со убав успех уште по првиот ден ако се знае дека двајца македонски кикбоксери се блиску и до освојување медал.

На победи се радуваа Милан Нешевски, Глигор Николов и Марко Баснаров, додека за Драган Пандев, Димитар Јачев и Давид Атанасовски првенството заврши откако загубија во првата рунда натпревари.

„Задоволен сум од денешните настапи и успехот низ првите борби, ако се знае дека имаме навистина млади натпреварувачи на кои им е потребно иксуство“ – ни изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

РЕЗУЛТАТИ

ЛОУ КИК
Постари јуниори
-71 кг
Милан Нешевски – Мартим Серето (Португалија) 3-0 со прекин во 1.рунда
1/4-ФИНАЛЕ: Милан Нешевски – Гзим Прелвукај (Црна Гора)

Млади јуниори
-63,5 кг Давид Атанасовски – Танасис Георгулис (Грција) 0-3
-67 кг
Глигор Николов – Мухамедиброхим Рафикжонов (Киргистан) 3-0
1/4-ФИНАЛЕ: Глигор Николов – Јоанис Апостолу (Грција)

КИК ЛАЈТ
Постари кадети
-63 кг Драган Пандев – Аидан Локе (Велика Британија) 0-3
-69 кг Димитар Јачев – Аидан Џон Брумер (Јужна Африка) 0-3

Јуниори
-74 кг
Марко Баснаров – Кристијан Арборе (Италија) 3-0
1/4-ФИНАЛЕ: Марко Баснаров – Едгар Никојан (Чешка)

===============================================

УТРЕ (22.09) НАСТАПУВААТ:

ЛОУ КИК
Млади јуниори
-60 кг Петар Лозановски – Вук Ловриќ (Србија)
Постари јуниори
-60 кг Петар Илковски – Хамоди Абаз (Израел)
-63,5 кг Калин Бабоски – Султанмурод Раимкулов (Узбекистан)
-63,5 кг Андријано Димишковски – Матви Куијавец (Украина)

КИК ЛАЈТ
Јуниори
-63 кг Туркер Исмаил – Аимилиос Калентеридис (Грција)

K-1
Постари јуниори
-63,5 кг Андреј Смилевски – Рајан Тведле (Велика Британија)
-63,5 кг Иван Кукуновски – Аиридас Навицкас (Литванија)

Се вчитува...