Три натпревари вечерва од плеј-оф рундата во квалификациите за влез во групите од Лигата на шампионите, и сите три завршија без победник.
Во првиот меч од плеј-оф колото, Левски Софија на нашиот репрезентатативец Никола Серафимов не успеа да слави пред своите навивачи ремизирајќи без голови со грчки АЕК.
Серафимов го одигра целиот натпревар во дресот на Левски.
Динамо Загреб на „Максимир“ исто така одигра без победник против норвешки Викинг, но пропуштајќи извонредна можност за победа.
Хрватите имаа водство од 2-0 по само десет минути игра со головите на Белјо и Лисица. Но, Кристијансен и Трипиќ постигнаа голови за гостите уште пред крајот на првото полувреме, за конечни 2-2.
Фенербахче, пак, ремизираше (1-1) на домашен терен со Лион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
