Тричко и АЕК Ларнака го минаа второто коло во Конференциската лига

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака се пласираа во третото квалификациско коло од најмладото европско клупско натпреварување Конференциската лига.

Откако на гостински терен пред седум дена Ларнака славеше со 3-2, денеска дома против белорускиот Жодино oдигра реми 1-1 што беше доволно за пласман понатаму. Домаќините поведоа преку Понс со 1-0 во96. минута, а на 1-1 израмни Горбачик во 98. минута.

Во третото коло Тричковски и соиграчите најверојатно за противник ќе ја имаат израелскиот Макаби Тел Авив кој по првиот меч против Петрокуб има предност од 3-0.

Се вчитува...