Тричко продолжува таму каде што застана – гол во македонскиот дуел на Кипар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски го гол ја започна сезона во Кипар. Напаѓачот кој претходната сезона на 30 одиграни натпревари постигна 15 погодоци го постигна и првиот гол за АЕК Ларнака во новата сезона откако стрелаше на македонскиот дуел во кипарското првенство против Докса кој заврши со резултат 1-1.

Тричковски го донесе АЕК Ларнака до предност во 26. минута од мечот кога при нафрлена топка умешно реагираше во шестнаесетникот, а репрезентативниот голман на Македонија од редовите на Докса, Дамјан Шишковски не успеа да го зачува својот гол.


Докса до изедначување стигна во 48. минута од второто полувреме преку Садик, а интересно е тоа што асистент на погодокот беше Дамјан Шишковски. Македонецот ја нафрли топката речиси од својот шестнаесетник, а таа падна точно пред неговиот соиграч кој знаеше да ја искористи ситуацијата.

Се вчитува...