Тричковски и Мојсов со АЕК Ларнака во финалето на Купот на Кипар

Македонските фудбалски интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со својот тим АЕК Ларнака ќе играат во финалето на Купот на Кипар. Тие во полуфиналниот двомеч го елиминираа големиот ривал АПОЕЛ, со две победи. Откако на првиот дуел АЕК Ларнака на домашен терен славеше со 2-0, и на денешниот реванш успеа да оствари триумф од 1-2.

Мојсов и Тричковски беа во составот на АЕК Ларнака на денешниот меч. Во финалето, нивниот тим ќе ги одмери силите со Аполон Лимасол.

Се вчитува...