Тричковски повреден – го очекува пауза од три недели

Иван Тричковски ќе биде надвор од терените во следните три недели поради повреда на мускулот на ногата стекната на последниот натпревар од кипарското првенство во кој Макдонецот се сретна со својот поранешен клуб АПОЕЛ. Поранешниот репрезентативец го одигра само првото полувреме, а деталните прегледи утврдиле дека станува за посерозна повреда.

Поради тоа искусниот голгетер не е во конкуренција за денешниот натпревар против Динамо Киев во Лига Европа во кој со победа или реми неговиот тим ќе осигура место разигрувањето од Конференциската лига на коло пред крајот на групната фаза.

„Тричковски има проблем со мускул и ќе биде во аут две до три недели. Неговата состојба се следи секојдневно“, потврди кипарскиот клуб.

Се вчитува...