Тричковски со нов гол во Купот на Кипар

Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски постигна нов гол за својот тим АЕК Ларнака. Популарниот Тричко стрелаше во Купот на Кипар, во триумфот од 1-4 за АЕК Ларнака на гости против нисколигашот Паек. Тој беше стрелец на четвртиот гол на денешниот натпревар, постигнат во 66.минута од средбата. На првиот меч, што АЕК Ларнака го доби со 7-0, Тричковски постигна два гола.

Напаѓачот се најде и на списокот на селекторот Игор Ангеловски за претстојните два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан, што кон крајот на март ќе се одиграат во Анталија, Турција.

Се вчитува...