Тричковски стрелаше за АЕК, но загуби од Чеде Јаневски

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски повторно стрелец за АЕК Ларнака во плеј-оф разигрувањето од шампионатот на Кипар, но неговиот тим загуби на гостувањето од Олимпијакос со 2-1.

Тимот кој го предводи поранешниот македонски селектор Чеде Јаневски, со пресврт дојде до победата откако Тричковски погоди за гостите за 0-1 уште во 11. минута од пенал.

Во второто полувреме, домашните со два гола дојдоа до победата.

 

Се вчитува...