Тричковски во тимот на сезоната на Кипар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски доби големо признание за своите игри во дресот на АЕК Ларнака оваа сезона. Тој е избран како дел од најдобриот тим во првенството на Кипар за сезоната 2016/17. Популарниот Тричко беше една од ѕвездите на манифестацијата „PASP Football Awards“, на која се избираа најдобрите во кипарскиот шампионат за сезоната што изминува.

Тричковски постигна 14 гола за АЕК Ларнака во регуларниот дел од првенството и беше еден од најдобрите фудбалери на својот тим, а сега е вброен и во најдобриот тим на првенството.

trickovski best tim 2

Се вчитува...