„Триколорите“ ја преслушаа Италија, шоу на Дембеле

Франција е моќна и ќе биде еден од фаворитите за освојување на титулата на мундијалот во Русија. Селекцијата на Дидие Дешамп славеше со 3-1 на пријателскиот натпревар против Италија, а блескаше Осман Дембеле. Со неколку потези ја одушеви публиката, а успеа да се запише и меѓу стрелците.

Умтити рано донесе предност за „триколорите“ на дуелот што се одигра во Ница, а Гризман од пенал зголеми на 2-0 по половина час игра. Леонардо Бонучи намали во 36.минута, но во вториот дел Осман Дембеле го постави конечниот епилог на овој пријателски натпревар.

Се вчитува...