Тринаесет години од магичната ноќ на Коби Брајант (видео)

Коби Брајант останува запаметен како еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА-лигата, а токму на денешен ден тој пред точно 13 години го одигра својот најдобар меч во кариерата.

Ривал на ЛА лејкерс беше тимот на Торонто репторс, а Коби одигра неверојатен натпревар, реализирајќи дури 81 поен (неверојатни 57 поени само во второто полувреме), меѓу другто погодувајќи седум тројки од 13 обиди и 18 слободни фрлања со само две промашувања.

Погледнете го ова видео како потсетување за една од најдобрите индивидуални партии во историјата на НБА…

Се вчитува...