Триото „ББЦ“ конечно во елемент, „кралевите“ го декласираа Алавес

Реал Мадрид оствари убедлива победа (4-0) над Алавес, а тренерот Зинедин Зидан може да биде задоволен затоа што конечно проработи триото „ББЦ“. Кристијано Роналдо беше стрелец на два гола, погоди и Герет Бејл, а и Карим Бензема во завршницата доби шанса по долго време да се запише меѓу стрелците, реализирајќи од белата точка.

„Кралевите“ се мачеа речиси едно полувреме, но Роналдо ја затресе мрежата на Алавес пред одморот, а на самиот старт од вториот дел Бејл зголеми на 2-0. Португалецот го постигна третиот гол во 61.минута, а во завршницата Бензема од пенал го постави конечниот резултат.

Се вчитува...