„Трипл-дабл“ на Дончиќ за НБА историја: Израмнет рекордот на Џејсон Кид

Неверојатниот Лука Дончиќ со секој нов натпревар ги поместува границите во НБА лигата. Тоа го сервираше и во победата на Далас над Сан Антонио од 109-103 во тексашкото дерби на најсилната светска кошаркарска лига.

Дончиќ на победата придонесе со 26 поени, 10 скока и 14 асистенции, што за него е 13-ти „трипл-дабл“ оваа сезона. Со тоа стана најдобар во НБА во оваа посебна престижна категорија.

Два дена пред својата 21 година, Лука дојде до 21-от „трипл-дабл“ во НБА кариерата израмнувајќи го рекордот на Џејсон Кид.

 

Се вчитува...