„Трипл-дабл“ на Јокиќ, Торонто подобар од Бруклин во дербито на Истокот

Сан Антонио славеше со 121-119 по продолжение против Феникс во Мексико сити во рамките на „НБА Глобал гејмс“. Победникот на мечот го одлучи Мајлс постигнувајќи ги финалните поени.

Денвер запиша победа против Оклахома со 110-102 најмногу благодарејќи на Никола Јокиќ кој запиша „трипл-дабл“ од 28 поени, 14 скока и 12 асистенции.

Далас загуби во продолжение од Мајами со 118-122 на домашен терен, но за Далас далеку поголем проблем е повредата на Лука Дончиќ. Словенецот излезе од игра по само нешто повеќе од една минута игра откако незгодно доскока извртувајќи го зглобот од десната нога.

Милвоки славеше против Кливленд со 125-108 со 29 поени на Јанис Андедукомбо, додека Детроит беше подобар од Хјустон со 115-107. На домашните не им помогнаа ниту 39 поени на Џејмс Харден.

Големо изненадување приреди Чикаго победувајќи го ЛА Клиперс во исклучително напнат натпревар со 109-106. Најзаскужен за победата беше Зак ЛаВајн со 31 поен.

Торонто во дербито на Истокот на свој терен го победи Бруклин со 110-102, а нова победа запиша и Мемфис со 128-111 против Вашингтон.

Се вчитува...