„Трипл-дабл“ на Леброн, Лејкерси го имаат најдобриот старт во последните 35 години… (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛA Лејкерс славеа на гости против Орландо со 87-96, благодарение на извонредната партија на Леброн Џејмс кој запиша нов „трипл-дабл“ од 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Ентони Дејвис имаше „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 12 скокови.

По оваа победа, со ефект од 22 побед и три порази, Лејкерси го имаат најдобриот старт уште од сезоната 1985/1986.

Кај Орландо се издвоија Џонатан Асјак со 19 поени и осум скокови и Еван Фурние со 18 поени. Арон Гордон забележа „дабл-дабл“ од 14 поени и 14 скокови.

Индијана на свој паркет го победи Бостон со 122-117. Кемба Вокер кај гостите постигна 44 поени но не успеа да помогне да се избегне поразот. Во редовите на Индијана, Меколум Брогдон беше најдобар со 27 поени и осум асистенции.

ЛА Клиперс славеа на гостински терен против Торонто со 92-113, Чикаго на домашен терен славеше против Атланта со 136-102 а Јута на гости триумфираше против Минесота со 116-127. Феникс загуби пред своите навивачи од Мемфис со 108-115, Милвоки го победи Њу Орлеанс со 127-112, а во неизвесен меч Сакраменто славеше против Оклахома со 94-93. Њујорк по продолжение на гостински терен го победи Голден стејт со 122-124.

Се вчитува...