„Трипл-дабл“ на Вестбрук за триумф на Хјустон, Филаделфија го „здроби“ Кливленд

Победите на Филаделфија и Хјустон се издвојуваа од синоќешните четири меча во НБА лигата. Најубедливата победа ја запиша Филаделфија која на домашен терен славеше против Кливленд со 141-94. Брилјираше Симонс со 34 поени.

Домашна победа запиша и Хјустон победувајќи го Феникс со 115-109. Гостите имаа предност по првиот период, но тимот од Тексас во продолжението целосно доминираше.

Харден натпреварот го заврши со 34 поени, додека Вестбрук стигна до нов „трипл-дабл“ од 24 поени, 14 скока и 11 асистенции. Кај поразените се издвои Букер со 35 поени.

Неизвесено беше во Њујорк каде домашните загубија од Индијана со 103-104. Јута славеше против Мемфис со 126-112. Хрватот Бојан Богдановиќ запиша 19 поени, дополнети и со шест скока и три асистенции, во триумфот на Јута.

Се вчитува...