Трипл-дабл вечер за Дончиќ и за Јокиќ, прва победа за Леброн и Лејкерс (ВИДЕО)

Во најдраматичниот натпревар од деветте одиграни ноќеска во НБА лигата, Денвер по продолженија со 108-107 го победи Феникс. Клучен потег на мечот беше блокадата на Тори Крејг над Девин Бакер, буквално во последните секунди со што беше одбранета тешко заработената победа. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл ефект од 23 поени, 14 скока и 12 асистенции. Прв стрелец во победничкиот тим беше Џамал Мареј со 27 поени.

Далас ја забележа втората сезонска победа тирумфирајќи над Њу Орлеанс со 123-116. Лука Дончиќ придонесе со трибл-дабл од 25 поени и по 10 скока и асистенции. Со поен помалку од него, средбата ја заврши Кристапс Порзингис. Кај Њу Орлеанс, 25 поени имаше првиот стрелец Брендон Инграм.

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа првата победа во новата сезона. Славеа на домашен терен над Јута со 95-86. Клучна за победата беше третата четвртина која „лејкерс“ ја добија со 31-18. Леброн Џејмс постигна 32 поени, имаше и 10 асистенции, Ентони Дејвис заврши со 21 поени и седум скока.

Бостон му го нанаесе првиот пораз на НБА шампионот Торонто. Селтикс славеа со 112-106, а победата ја одработија во вторто полувреме. Паскал Сиакам и Кајл Лаури имаа одличен ефект од 33 односно 29 поени, но тоа не беше доволно против колективниот пристап на Бостон во чии редови петмина кошаркари придонесоа до двоцифрен број поени, а Џејсон Тејтум и Џејлен Браун постигнаа по 25 поени.

 

 

Се вчитува...